Дом на Култура "Драги Тозија" - Ресен

facebook

Литературна средба со читателки и одбележување на 8 Март

5-та година по ред, Домот на културата „Драги Тозија“ од Ресен, под раководство на директорот Васко Василевски, воочи 8 Март одржува традиционална средба со читателките, кои имаа можност одблиску да се запознаат со литературните дела кои ги поседува библиотеката во рамките на домот, која брои над 50.0000 наслови.

Над 130 редовни читателки и посетителки беа дел од 8-мо мартовскиот настан, кој се одржа под покровителство на градоначалникот на Општина Ресен д-р Ѓоко Стрезовски и со поддршка на Министерството за култура на РМ.
На литературната средба со читателки настапија дечиња од градинката „11 Септември“ од Ресен, а потоа со свои творби се претставија ученици од основните училишта „Гоце Делчев“ и „Мите Богоевски“ од Ресен, како и од основното училиште „Браќа Миладиновци“ од Царев Двор.

Од музички аспект, настанот го збогатија тројца ученици во Школата за пијано под раководство на Гоце Милошевски, кои настапија со свои изведби.




























Следете не на Фејсбук:

© 2014 Дом на Култура "Драги Тозија" - Ресен | Сите права задржани.

© Фото: П.Н. ; Изработено од: Преспана