Дом на Култура "Драги Тозија" - Ресен

facebook

Зграда Сарај

sar-1

Како најрепрезентативен објект на старата градска архитектура секако претставува зградата Сарај.

Објектот е изграден во почетокот на 20-тиот век (се претпоставува од 1904/5-1911/12 година) од страна на еден од водачите на Младотурската револуција Ахмед Нијази Бег, (1908 година). Има мислење дека Сарајот е граден после Младотурска револуција до 1912 година кога започнале Балканските војни, а Сарајот не бил комплетно завршен.

Довршувањето и интервенции во оваа зграда (внатрешно) се изведувани со менувањето  на властите. Интервенции на сарајот се вршени 1912/13 година со поставување на прозори и враи исто така и 1922/23 година.

Мермеот што е вграден во Сарајот е носен од локалиотетот Плочине кај с. Болно.
Во основа Сарајот е симетрично решено централен дел и две странични крила (источно и западно).

Во вертикала Сарајот е поделен на подрумски дел, приземје, кат и поткровје.
Носивната конструкција е од носивни ѕидови Д=40-85 цм. Изведени од тврд материјал – печена тула и вар како врзно средство.

sar-2

Меѓукатните конструкции се од челични профили исполна на тула (ходници и холови) и дрвени греди (во останатиот простор). 

Кровната конструкција и конструкцијата на кубињата е дрвена, но со реконструкцијата на кубињата во 1982 година дрвото е заменето со челични профили.

Фасадните платна на сарајот богато се обработени: посебно главната (северна). Фасадите посебно се расчленети по хоризонтала со венци и фризови, редоследно обработени, а по вертикала со пиластри кои завршуваат со капители.
Сарајот по своите архитектонски и естетски вредности му парира на градбите од неокласицизмот од почетокот на 20-тиот век.

Денес Сарајот (Домот на културата Драги Тозија) претставува споменик на културата.

sar-3

© 2014 Дом на Култура "Драги Тозија" - Ресен | Сите права задржани.

© Фото: П.Н. ; Изработено од: Преспана