Дом на Култура "Драги Тозија" - Ресен

facebook

Библиотека

bib-1

Почетоци на библиотеката во Ресен се датираат на времето на втората светска војна, во времето на кралска Југославија. Еден податок говори дека многу иселеници по враќањето од печалба, давале забележителни парични прилози за основање на Градска Библиотека. Така граѓанинот Сандре Ночевски од Ресен подарил за купување на книги пет златни наполеони.

Во Ресен во периодот пред 1940 година постоеше градска библиотека со која раководеле студентите, меѓу кои беа: Кире Попе-Никовски, Нуредин Даут – синот на Џемал Ефенди, Мирчо и Бојан, синовите на Поп Алексо Ефтимов, Симо Татарче, Крсте на Геро, Борис Коропан, Драги Тозија и нивни другари од градот.

Во просториите на библиотеката се собираа средношколци и помлади студенти. Во 1941 година, кога капитулира кралска Југославија, библиотека беше ограбена. Градската библиотека имаше вредни книги: од светски познати прозаисти, класици до современи изданија.

Ново создавање на Градска-Околиска Библчиотека започна со доаѓањето на Ацо Филип како управник. Богат книжен фонд се создал не од поединци, туку со државни средства. За овој потфат голем придонес има тогашниот претседател на околијата Димитар Теговски.

Денес Библиотеката во Ресен располага со 31 752 книги. Годишно има 300-400 читатели од сите возрасти.

bib-2

Роднокрајно одделење

Во библиотеката се застапени сите автори  кои потекнуваат од Преспа.

bib-3

Апел за збогатување на фондот на Роднокрајното одделение

Во Роднокрајното одделение на Матичната библиотека застапени се над 40-тина автори кои се родени во Преспа или потекнуваат од Преспа.Овие автори застапени се со нивните дела во целост или делумно.

Дел од книгите ги имаме набавено ние, а дел самите автори ги имаат подарено на библиотеката. Ова нека биде и еден апел до сите автори , доколку се во можност да ни ги испратат или лично да ги донесат во нашата библиотека нивните дела.

На овој начин фондот на Роднокрајното одделение ќе ни биде збогатен, а и читателите секако ке имаат можност да ги користат истите. Нашата цел е ова одделение во библиотеката постојано да се збогатува со нови дела и нови автори-преспани.

bib-4

© 2014 Дом на Култура "Драги Тозија" - Ресен | Сите права задржани.

© Фото: П.Н. ; Изработено од: Преспана